Договор за стратешка соработка со Унгарија – Сијарто: Не ве блокира само Бугарија, ситуацијата е потешка

0
288

Македонија потпиша договор за стратешко партнерство со Унгарија. Потпис ставија министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, и неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Сијарто од Скопје порача дека на патот кон ЕУ не не блокира само Бугарија- туку мнозинството од членките. Рече градат ѕидови токму оние кои кога доаѓаат во Скопје кажуваат колку го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ.

Вие не чекате заради тоа 20 години во ред заради тоа што Бугарите се спротивставуваат. Немојте да се лутите но морам да кажам дека ситуацијата во врска со тоа е потешка. Во овој момент државите членки на ЕУ, во малцинство се оние кои што ги поддржуваат проширувањата во насока на Западен Балкан“, вели Петер Сијарто

Министерот Муцунски потенцираше дека Македонија стои цврсто и ќе опстане на патот кон евроинтеграциите, но треба предвидливост. Повеќе од 20 години сме жртва на билатеризација на нашиот пат. Не смееме да дозволиме да бидеме погазени и понижени.

Прашањето во суштина беше дали Бугарија сака средба со нас. Не можам за жал јас тоа да го одговорам. Тоа ќе треба да го поставите како прашање во Софија. Јас можам да ви одговорам што ние правиме и што ние очекуваме. Ние сакаме средба и средби и комуникација бидејќи сметаме дека сите соседи треба да комуницираат постојано“, вели Тимчо Муцунски.

Министерката за образование пак Весна Јаневска и Сијарто го потпишаа Меморандумот со 20 македонски студенти добиваат стипендии за студии во Унгарија. А средба со Сијарто имаше и вицепремиерот Николоски. Рече стратешкиот договор ќе донесе многу придобивки за Македонија преку реализација на нови инфраструктурни проекти.