ДУИ : ТЕТОВО НЕ Е НА ПРОДАЖБА

0
105

Демократската унија за интеграција – Огранок Тетово во своето партиско соопштение пишува дека изразува длабока загриженост во врска со Програмата за управување со градежно земјиште за 2026 година, која според партијата  не може да се третира само како технички административен документ.

Подолу е целото партиско соопштение:

Во суштина, оваа Програма претставува широка листа за отуѓување на јавен имот и, според објавените податоци, предвидува продажба на 21 парцела, односно над 56 илјади м² јавно земјиште, со почетни цени од 1 до 73 евра за метар квадратен.

На оваа листа се опфатени простори од исклучително јавно значење за граѓаните на Тетово, како што се паркингот кај Веро, просторот кај Спортскиот центар, земјиштето во Сараќино со само 61 денар за м², како и парцели во Мала Речица, каде жителите со години бараат изградба на детска градинка.

ДУИ – Огранок Тетово оценува дека оваа Програма отвора сериозни сомнежи за продолжување на истата штетна логика на отуѓување на јавниот имот, веќе позната од случајот Монопол, каде јавниот имот беше отуѓен по смешни цени и на штета на интересот на граѓаните.

Наместо овие имоти да се користат за реални јавни потреби, како паркинзи, зеленило, детски градинки, спортски и рекреативни простори и објекти во служба на граѓаните, тие се ставаат на лицитација и ризикуваат да завршат во рацете на кругови блиски до актуелната локална власт.

Јавниот имот не е лична сопственост на Билал Касами, ниту на мнозинството ВМРО–ВЛЕН во Советот на Општина Тетово. Тој е сопственост на граѓаните на Тетово и мора да се заштити како јавен интерес.

Тетово не смее да се претвори во каталог за продажба. Јавните простори не смеат да се жртвуваат за тесни политички, клиентелистички или бизнис-интереси.

ДУИ – Огранок Тетово бара целосна транспарентност, повлекување на оваа Програма од процедура и отворање широка јавна дебата со граѓаните, експертите и општинските советници.