Жена пронајдена почината во езерцето во Градскиот парк во Струмица

0
236
Screenshot

Во езерцето во Градскиот парк во Струмица, синоќа било пријавено дека е пронајдено тело на почината жена.

По пријавата, на местото на настанот излегле јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на обдукција во Судска медицина, објави МИА.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека повеќе информации за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.