Иван од Кочани се огласи преку видео повик и ја откри својата состојба. Како што рече, веќе се чувствува подобро. Тој истакна дека неговата состојба е стабилизирана, а претходно имал проблеми со дишењето.
Според информациите што му ги дале тамошните лекари, тој е внатрешно исчистен, но се уште добива инхалации, кислород, инфузии и лекови.
Иван се надева дека наскоро ќе излезе од болницата и ќе може да се врати дома во Македонија.









