Имињата на тетовските улици водат кон распуштање на Советот на Општина Тетово

0
53
Screenshot

Откако Уставниот суд ја укина одлуката на Советот на општина Тетово од 2007 година, за промена на имињата на улиците и плоштадите, во понеделник советниците оваа точка повторно ја стави на дневен ред. Во пресрет на седницата, ДУИ за утре организира протест пред Општина Тетово во знак на револт од промената на имињата на улиците.

Доколку во понеделник советниците пак ги вратат досегашните имиња, одлуката може да води кон предвремени локални избори. Имено, Законот за локална самоуправа предвидел дека во општинскиот совет да може да се распушти, ако акт што го донел општинскиот совет е вратен во архива, е поништена или е поништена од Уставниот суд. Ова денеска го потврди и градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во одговор на новинарско прашање.

-Процесот за менување на имињата улиците е според закон и Устав и треба да се случи по завршување на сите јавни дебати и потоа по добивање на согласност од Владата, се доаѓа до таа одлука. Ако советниците ја прифатат таа одлука, според нашите согледувања и според експертите кажуваат дека Советот автоматски оди на нови избори, изјави градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

Идентично е и толкувањето на универзитетскиот професор Мерсин Максути.

-Член 73 од Законот за локална самоуправа предвидува услови под кои општинскиот совет може да се распушти. А една од ситуациите кога општинскиот совет може да се распушти, според членот, е ако одредба што ја донел општинскиот совет е вратена во архива, е поништена или е прекината од Уставниот суд, во оваа ситуација општинскиот совет се распушта и ова е ситуација во која во конкретниот случај, да, уставниот суд поништил претходен акт на општинскиот совет и таквата ситуација води до распуштање на општинскиот совет на Тетово“, изјави  за „Коха“ Мерсин Максути.

Оваа одредба е позната и на претседателот на Советот, Јусуф Абдули, кој очекува по повторното гласање на одлуката, Советот автоматски да се распушти и Тетово да оди на предвремени избори.

– Нашите информации и консултации со правните служби се дека доколку се донесе истата одлука, многу се големи можностите општинскиот совет на Тетово да се распушти. Доколку советот одлучи, можеби дури и ќе одиме на предвремени избори за општинскиот совет“, рече Јусуф Абдули.

Уставниот суд пред неполн месец ја укина одлуката на Советот на Тетово за преименување на улиците и плоштадите. Иако одлуката е донесена во 2007 година, Владата никогаш не дала согласност за промената, со што не се поминати сите законски процедури.

Ова предизвика бројни реакции, а ДУИ ги повика граѓаните на протести.