КАСАМИ БАРА ПРИВАТНА ФИРМА ДА НАПЛАЌА ЗА ВОДА, АКО ДАВАМЕ НА ИЗВРШИТЕЛИ, ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА НЕ ГЛАСААТ

0
313

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, смета дека наплатата на сметките за вода треба да ја врши приватна фирма бидејќи ако Општината ги дава на извршители неплаќачите, тие нема да го гласаат на избори. Касами ова го кажа на јавната расправа за физибилити студијата изработена од Градежниот факултет во Скопје за состојбата и мерките кои треба да се преземат за подобрување на водоснабдувањето.

„Општината, за жал ,нема доволно капацитет да наплаќа за снабдување со вода. Ние сме и политички битија и за време на предизборната кампања никој од администрацијата нема да се нафати да ги наплаќа долговите како што треба. Граѓаните ќе нè плукаат дека ги даваме на извршители. Треба да сме свесни дека во оваа ситуација, за да го решиме побрзо проблемот, мора да внесеме приватен партнер. За овој предлог ќе треба да се донесе одлука на Советот на Општина Тетово“, изјави Касами на јавната расправа.