МВР го гони насилникот од Радовиш, партнерката се откажа од кривично гонење

0
354

Случај со насилство врз жена во Радовиш ја крена јавноста на нозе. Едно лице во живо на тик ток ја тепа сопругата. Насилникот бил пријавен во полиција од мајката на жртвата. Се работи за видео кое стана вирално и од јавноста се бара институцииите веднаш да ја заштитат жената, која според некои коментари била бремена. На самото видео се слуша како таа се жали од болки и го моли да не ја удира. Лицето било приведено, жртвата одбила да го пријави, но против него е поднесена кривична за телесни повреди.

-Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 09.20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така, бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година.

Од обвинителството велат дека постапката е во тек врз основа на поднесената пријава.

Меѓу другото, ќе се испита дали во конкретниот случај постои основ за негово задржување. Јавното обвинителство и истражните органи имаат обврска да постапуваат единсвено врз основа на доказите во предметите.