Потерницата е испратена и сега треба државите коишто се наши партнери да дадат одговор каде е Артан Груби. Јас не знам дали Никола Груевски избегал со дипломатско возило или не, немам таков увид во истрагата. Но, да, кога станува збор за Артан Груби самиот тој или лицето кое што го придружувало или превезувало, тоа е почесен конзул на една држава со возило со дипломатски таблици ја напуштило Македонија, и потоа тоа лице беше повикано на информативен разговор“, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во гостување на „Алсат
Одговарајќи на прашањето каков е капацитетот на државата кога шест месеци не знаеме каде е Груби, Мицкоски рече дека Груби „кукавички избега“ и додаде дека „како држава правиме се што е во наша моќ бегалциТЕ од правдата да се обезбедат и да се вратат дома“.









