Досега Борче Серафимовски ја извршување функцијата државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Покрај овој негов работен ангажман, во биографијата доставена во Собранието, во делот „Работно искуство“ е наведено и дека од 2004 до 2025 година бил генерален директор, односно заменик-претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет Свети Николе
Инаку, образовните референци велат дека тој во Бугарија има завршено факултет, постдипломски студии, а таму одбранил и докторат
Како мајчин јазик во биографијата на Серафимовски стои дека му е македонскиот, а од останати јазици е наведено дека одлично пишува, чита и говори англиски, руски и бугарски јазик
Дали Борче Серафимовски кој е предложен за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамкиите на реконструкцијата на Владата поседува бугарски пасош?
Ова беше едно од прашањата што денеска му беше поставено на премиерот Христијан Мицкоски по неговата посета на општина Бутел каде присустуваше почетокот на изградба на затворен базен. Притоа, новинарот ги спомна Меѓународниот славјански универзитет Свети Николе и името „Св. Кирил и Методиј” иако контекстот на прашањето не беше најјасен.
Одговорот на премиерот не беше обемен. Кажа дека предложениот кандидат за прв човек во Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство не го прашал колку државјанства има, туку му е вежно тоа што Серафимовски во разговорот што го имале покажал дека има план и визија за секторот со кој треба да роководи. Тоа, додаде премиерот, е она што нему како претседател на Владата му е важно, а истовремено е став кој е важен и за земјоделците.
„Предлогот за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство кој доаѓа како државен секретар во истото министерство не сум го прашал дали има двојно, тројно или не знам какво државјанство. Од она кое што успеав со него да разговарам гледам дека има план, дека има визија, понатаму во ресорот во кој ќе има многу предизвици во периодот којшто следи. Така што, ете тоа е она што мене ми е важно и кое што е важно за земјоделците“,
изјави Мицкоски.









