Македонскиот идентитет, евроинтеграциите, инвестициите во патните Коридори, енергетиката, животниот стандард, како и минималната плата. Жестока обвинувања и контра обвинувања на релација власт опозиција на пратеничките прашања во Собранието. Премиерот со бројки како што рече пред кои и боговите молчат покажуваше дека Македонците подобро живеат од половина Европа. Рече тоа не е нивна анализа туку на Фајнанс тинк. Ја обвини опозицијата но и еден од синдикатите од вчерашната седница на Економско-социјалниот совет за политички пораки, спротивни на она што го покажуваат бројките.
Најдобро ниво на минимална плата споредена со трошоците на живот е Германија, најниска е Албанија. Ние сме некаде на средината. И да речеме ние сме подобри од една Португалија,подобри сме од Грција, подобри сме од Црна Гора, подобри сме од Србија да речеме, од Албанија рековме и така натаму. Можам да ги само телефонот ми е таму, можам да ги споредам сите тие земји од кои што сме подобри, вели претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.
Еве како изгледа тој слајд. Се надевам истиот број го имате господине пратеник па ќе ви го пратам преку некоја од апликациите, вели претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.









