Мицкоски: Реформите во евроинтеграциите треба да почнат од Обвинителството и Судството

0
227

Реформите во врска со евроинтеграциите треба да почнат од обвинителството и судството, порача премиерот Христијан Мицкоски на дебатата организирана за реформската агенда и планот за раст во Владата. Тој рече дека владата има неколку услови да исполни; деполитизација на судството, заштита на обвинителите и судиите од политички и бизнис притисоци и создавање механизми за надзор и одговорност.

Земјата има рок до јуни да спроведе дел од првичните реформи во судството, во кои е вклучен и новиот закон за Судски совет. Засега законот не е готов. Министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани вели дека нема точни показатели со кои може да се предвиди кои реформи ќе ги пробијат роковите за спроведување предвидени во Реформската агенда.

„Реформите бараат поширок општествен консензус и тоа значи повеќе време за усогласување. Тоа не значи дека има одложувања поради некоординација туку дека тие процеси бараат повеќе време. За сите чекори што нема да се завршат навреме, има рок од 12 месеци токму поради оваа причина“, рече Муртезани.