Триесет и двегодишен тетовец е уапсен откако со закана со нож се обидел да изврши разбојништво во казино во Тетово.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јули 2026 година полициски службеници во Тетово го привеле К.В. (32) од Тетово поради основи на сомнение дека истиот ден околу 11:05 часот се обидел да изврши кривично дело „разбојништво“ во казино во градот, заканувајќи се со нож.
При претрес кај осомничениот, како и по извршеното алкотестирање, било утврдено дека имал 2,49 промили алкохол во крвта.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.









