Од плафонот на ГУЦ „Здравко Цветковски“ растат печурки. Ова не е само фигуративно кажано, колку да се објасни дека покривот протекува на секој дожд и дека преку таванот капе во училишните ходници, туку буквално, поради влагата, растат печурки, објави Слободен печат
Ученици од ГУЦ испратија фотографии до редакцијата на Слободен печат на кои се гледа како изгледа таванот во ходникот на училиштето и како вработените се „борат“ против протекувањето кога врне – со пластични канти.
Плафонот е покриен со големи пожолтени флеки, а од една растат печурките. Влагата не само што го нагрдува училиштето туку влијае и на здравјето на учениците и на вработените.









