Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето гостување во подкастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ изјави дека Македонија денес е значително побезбедна држава отколку во минатото.
Тој посочи дека граѓаните веќе ја чувствуваат разликата благодарение на бројните акции кои ги спроведе Министерството за внатрешни работи.
Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие пред нас и она кое што ние го работиме сега. Сметам дека сите оние акции кои ги спроведовме, како од аспект на борба против организиран криминал и особено висока корупција и злоупотреба на државни институции во минатото, па до акциите во делот на уличниот криминал, трговијата со дрога, трговијата со луѓе и бандите кои што ги разбивме – му даваат надеж на македонскиот народ дека можело и поинаку. Гледаат дека со посветеност, со макотрпна работа и со професионален пристап, може да се дадат вистински резултати – истакна Тошковски.









