НИКОЛОВСКИ- Автопатот Кичево – Охрид е веќе при крај

0
103

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски говорејќи за проектите на Коридор 8 изјави дека во моментов во процедура е изборот на изведувач заедно со ЕБОР на потегот од Букојчани до Кичево и додаде дека Кичево – Охрид е веќе при крај.

Тоа е оној заборавен проект од кој сите се имаа откажано и ние како Влада кога бевме избрани решивме да го завршиме. Веќе 37 км се завршени од кои 34 км се во функција, а очекуваме до крај на годината целиот да биде завршен. Она што останува е спојот на потегот од Струга до ГП Ќафасан. Тука имаме одредени предизвиици поврзани со УНЕСКО. Ќе разговараме со нив, не дали ќе има автопат, туку по која траса ќе оди решението и очекувам во јуни да имаме договори. ГП Ќафасан веќе го реконструиравме и во втора фаза ќе работиме на проширување – истакна Николоски.

Тој истакна дека за една година и девет месеци направиле многу повеќе, отколку која било влада претходно на автопатот Охрид-Кичево.