Уште еден случај на вршење семејно насилство регистрира полицискиот билтен. Според информациите од МВР во текот на вчерашниот ден, 28 март 2025 година, во 23:00 часот, во СВР Скопје бил пријавен физички напад врз 42-годишна жена од Скопје.
Жената пријавила дека била нападната од нејзиниот сопруг, 50-годишниот Г.Т., кој исто така е од Скопје.
Инцидентот се случил во нивниот семеен дом на подрачјето на Драчево.









