Облачно со дожд и снег: Зимските врнежи се засилуваат, вистинска зима се најавува околу Нова година

0
236
Screenshot

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Наместа, особено во источните делови од земјата, се очекуваат пообилни врнежи, кои локално ќе надминат 25 литри на метар квадратен во текот на 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Скијачките центри во Македонија веќе се под снежна покривка, а врнежите од снег на планинските подрачја ќе продолжат и во наредниот период, што ќе придонесе за понатамошно зголемување и проширување на снежната покривка. Воедно, сè поизвесно е дека околу и по Нова година Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од вистински зимски услови, со пообилен снег и пониски температури.