Одреден 30-дневен притвор за 24 од осомничените за трагедијата во Кочани, меѓу нив и тројцата градоначалници

0
219

Во рамки на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која ја предводи ОЈО Кочани, осомничени се 27 физички и три правни лица. Тројца од осомничените се во болница, а на сите останати, вкупно 24 лица, им е одреден 30-дневен притвор. Во одделна постапка во врска со трагедијата, ОЈО ГОКК отвори истрага против седум високи полициски службеници од Штип и Кочани, на кои веќе им одреден 30-дневен притвор
Основниот суд Кочани им одреди 30-дневен притвор на 24 од вкупно 27 осомничени лица опфатени во истрагата за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ во која животите ги загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.