Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка.
Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми.
Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните.
Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти.
Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат!
Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ,,Добредојде во Скопје”, кој руиниран стоеше така со години.
Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
И за да нема дилеми, корекцијата градот не го чини ништо и трошоците се на компанијата – изработувач која го постави преку ЈП ,,Улици и патишта”.









