Градоначалникот на општина Дојран во објава на социјалните мрежи соопшти дека во невремето за среќа нема повредени лица и е предизвикана само материјална штета. Тој вели дека екипи веднаш излегле на терен и се работи на расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети
Силното невреме кое вчера попладне го зафати источниот дел од државата, освен во Струмичко, Делчево и Радовиш предизвика штети и во Стар Дојран, каде, како што пренесува МИА, откорнати се десетици дрвја на десеттина локации во овој дел од општина Дојран. Според општинските власти, невремето проследено со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град оставило зад себе паднати јавори, борови, багреми и црници, а оштетени се и настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар.

Градоначалникот на општина Дојран, Илија Тентов доцна синоќа во објава на социјалните мрежи соопшти дека невремето го зафатило Стар Дојран околу 20 часот и во него за среќа нема повредени лица, а е предизвикана само материјална штета.
„Би сакал да ве известам дека екипите на Доброволното противпожарно друштво ‘Дојран’ и доброволна група граѓани, екипите на ЕВН веднаш илзегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети, и на терен ќе останат цела ноќ, се до нивно расчистување. Ве охрабрувам да останете спокојни, а во текот на утрешниот ден ќе се нормализира функционирањето на градот“,
напиша Тентов на Фејсбук.
Тој упати апел до граѓаните на општината да пријават штети, односно непроодни улици, поплавени куќи, подруми, за да може надлежните да интервенираат брзо и соодветно.
Според информациите од Доброволното противпожарно друштво „Дојран“, што ги пренесува државната новинска агенција, големи дрвја биле паднати во градскиот парк, како и на игралиштето со справи за вежбање што пред неколку години го постави тогашната Агенција за млади и спорт. Поднати дрвја, велат од ДППД „Дојран“, чии членови први излгле на терен, имало и кај детскиот рингишпил на шеталиштето, кај хотелот „Романтик“ и пицеријата „Вавилон“.
Паднати дрвја од невремето се отстранувале и главниот пат во овој дел од општината, поради што извесен период сообраќајот се одвивал по само една сообраќајна лента. Според информациите на надлежните, неколку часа во прекин била и електричната енергија од безбедносни причини.
Паднати дрвја, но и пожари невремето синоќа предизвика и во струмичкио и радовишкиот регион. Во селото Подареш бил запален бил запален постар објект, а пожарот бил предизвикан од фрлање искри од запалени жици. Во струмичко избувнале пожари во штала во селото Висока Маала и на сува трева во Муртино, а паднато дрво било отстрането од коловозот во Ново Село. Ккао што информираа надлежните, пожарите бил изгаснати по интѕеревенцијата на локланите Противпожарни единици. Во Делчево пак, предизвикани се материјални штети на повеќе локации, при што најсериозно е оштетен кров на објект, чија санација е во тек. Се расчистуваат паднати дрвја на повеќе патни правци.









