ПЕКОЛНО НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ, ЕВИДЕНТИРАНИ ПЕДЕСЕТИНА ПОЖАРИ

0
256

За едно деноноќие, од 27 до 28 јули 2025, Центарот за управување со кризи регистрирал вкупно 51 пожар, од кои 8 се активни, 7 се ставени под контрола, а 36 се изгаснати. Најзагрозени се подрачјата со густа шума и непристапен терен, каде гаснењето бара дополнителни ресурси и човечки капацитети.

Еден од најопасните пожари избувнал во регионот помеѓу Василево, Радовиш и Берово, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде се зафатени нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Огнот брзо се проширува, а теренот е исклучително тежок за пристап. Слична слика доаѓа и од селото Бешиште кај Прилеп, каде пламените јазици се движат кон Градешница, па дури и кон границата со Грција.

Во опасност е и просторот меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен кај Прилеп, како и Галиште и Трстеник кај Кавадарци. Овде гори мешана шума и ниска вегетација, а воени и цивилни сили се обидуваат да го спречат ширењето. Сериозна состојба се бележи и во Општина Македонски Брод, помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, каде што гори деградирана дабова шума