Плаќале пензиско бадијала, до 80% од осигурениците може да не ја земаат целата пензија

0
130

До 80 отсто од осигурениците кои се дел од вториот пензиски столб би можеле во иднина да се соочат со пензии пониски од законскиот минимум, изјави гувернерот на Народна банка, Трајко Славески.

Вели дека голем дел од идните пензионери нема да успеат да акумулираат доволно средства во приватните пензиски фондови за нивната вкупна пензија од првиот и вториот столб да го достигне минимално гарантираниот износ.

Славески смета дека ваквата состојба би можела да создаде сериозен притисок врз државниот буџет. Како можни решенија ги посочува дополнителните интервенции преку Фондот на ПИОМ за покривање на разликата до минималната пензија или промени во системот со кои дел од осигурениците би се вратиле во првиот столб.

Слична мерка веќе беше применета во 2019 година, кога околу 16.500 осигуреници беа префрлени назад во државниот пензиски систем, а со тоа беа пренесени и значителни средства од приватните фондови.