Полиција и обвинителство спроведуваат претреси во повеќе градови поради сомнение за злоупотреба на службена должност

0
347

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски екипи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и други места во земјава.

Акцијата е во тек поради постоење на основано сомнение за кривично дело злоупотреба на службена должност.

Од Јавното обвинителство соопштија дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на акцијата.