ПОСТОЈАТ СОМНЕЖИ ДЕКА ПОЖАРОТ НА ДЕПОНИЈАТА ДРИСЛА Е ПОДМЕТНАТ

0
240

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информираше за состојбата со пожарот кој попладнево избувна на депонијата Дрисла, во близина на селото Батинци.

– Скопските пожарникари со сите сили сеобидуваат да го локализираат пожарот во депонијата. Направени се противпожарни појаси за да не се дозволи огнот да се прошири кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата. Гаснењето е во тек. Постојат сомнежи дека пожарот е предизвикан намерно“, изјави Ангелов.