Притвор за 76-годишниот возач по трагедијата на скопската обиколница во која загинаа четири лица

0
111

Основниот кривичен суд донесе одлука за определување мерка притвор за осомничениот возач на камионот кој учествуваше во сообраќајната несреќа на скопската обиколница.

Како што информираат од Судот, мерката била изречена доцна синоќа, поради постоење опасност од бегство, како и можност осомничениот да го повтори кривичното дело, објави 4news.mk

Од Кривичниот суд засега не соопштуваат повеќе детали за случајот, а истрагата за несреќата продолжува.

Сообраќајката на скопската обиколница предизвика големо внимание во јавноста, а надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.