РАЧНИ БОМБИ ПРОНАЈДЕНИ ВО НИВА ВО БОГОВИЊЕ, ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОСТРАНУВААТ

0
292

Отстранувањето на рачните бомби кои вчера беа пронајдени во приватна нива во близина на „Еко флор плус“ во село Боговиње е закажано за денеска. Специјализирани лица од Куманово денеска ќе пристапат на отстранување на рачните бомби, информираат од Центарот за управување со кризи.