Руски дронови во Полска, НАТО ГИ СОБОРИ

0
209

Полска објави дека во среда ја активирала сопствената и воздушната одбрана на НАТО за да ги собори беспилотните летала што влегоа во нејзиниот воздушен простор за време на рускиот воздушен напад врз западна Украина. Ова е прв пат од почетокот на војната во Украина Варшава да распореди средства во својот воздушен простор.

Оперативната команда на полската армија објави дека „системите за воздушна одбрана и мрежите за радарско извидување се подигнати на највисоко ниво на тревога“ откако Русија започна масовни воздушни напади на украинска територија.

– Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти. За да се обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор, оперативниот командант на полските вооружени сили ги активираше сите потребни процедури, се вели во соопштението, додавајќи дека војската е „целосно подготвена за итен одговор“.

Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД, кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.