Свечено одбележување на „Св. Никола – летен“ во Жилче на 22 мај

0
60

Жителите на село Жилче и годинава ќе го одбележат православниот празник „Св. Никола – летен“ со свечена духовна и културна програма во храмот „Св. Никола“.

Настанот ќе се одржи на 22 мај 2026 година (петок), а програмата започнува во 08:15 часот со Света Божествена литургија.

Во рамки на чествувањето предвидени се и настапи на културно-уметничките друштва „Брвеница“ од Брвеница и „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце.

Централниот дел од настанот е во 11:00 часот, кога ќе се изврши осветување на славскиот колач и водосвет во присуство на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот г. Јосиф од Полошко-тетовско-гостиварската епархија..
По верскиот дел ќе биде организиран заеднички ручек во просториите на црковниот ајет, а во продолжение следува музичка програма со Мики и Робертино.

Организаторите упатуваат покана до сите верници и жители со своето присуство да придонесат за достоинствено одбележување на празникот