СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

0
25

СДСМ ја обвини Владата дека наместо да преземе чекори за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, повторно продава дел од неговиот запленет имот во земјава. Од опозициската партија тврдат дека се продаваат станови и друг имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски располага со имот и средства вредни над две милијарди евра.

„Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово“, соопшти СДСМ.

Од партијата упатија обвинувања и кон премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека не бараат екстрадиција на Груевски. СДСМ прашува и дали се испратени потребните документи за неговa eкстрадиција од Унгарија.

Опозициската партија најави дека преку, како што го нарекува, „Фронтот за вистина и правда“ ќе бара одговорност за Груевски, но и за „неговите ученици и продолжувачи на неговото дело“.