Собранието објави конкурс за изработка на тројазично лого – „уникатно и модерно“

0
351

Собранието објави јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого), со цел законодавниот дом да го модернизира и изедначи својот институционален, визуелен идентитет преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните вредности и вредностите, мисијата и визијата на институцијата, соопшти денеска собраниската прес-служба.

Во Јавниот конкурс се посочени главните елементи што треба да ги содржат понудите за идејно решение за изработка на логото и критериумите што треба да бидат задоволени – визуелен идентитет, да биде придружено со детално објаснување на симболиката, вклучувајќи го значењето на секој елемент, боја и форма, како и логото да биде на македонски јазик и неговото кирилско писмо, на албански јазик и неговото писмо и на англиски јазик и неговото писмо.