Стоилковиќ: КУД „Српски вез“ сквернавен со натписи УЧК во Куманово

0
2

Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, објави видеои на социјалните мрежи со тврдење дека културно -уметничкото друштво „Српски вез“ било осквернавено со натписи УЧК во Куманово.

Според министерот, ваквото однесување е резултат на тоа што неговата партија е две години дел од власта.

„Ксенофобијата со примеси на шовинизам константно присутна во јавноста, посебно изразена последниве две години од учеството на ДПСМ во Владата, пропратено со незаслуженот молк на јавноста почнува да дава видливи резултати кои се многу поголеми од вандализмот на оваа дивљачка хорда, чие насилничко, деструктивно и нецивилизирано однесување врз имотот и просториите каде со фолклор (КУД Српски вез) се занимаваат повеќе од 200 деца и скрнавењето со натписи УЧК кое и државата и јавноста би требало најстрого да го санкционира.

За политиките кои го потикнуваат ваквото однесување во некоја друга прилика. Никој нема да биде изоставен“, објави Стоилковиќ