Судењето за Старо Нагоричане почна со молк, обвинетиот гледаше во таван

0
20

Судењето против Трајко Бојковски, обвинет за серија убиства и обиди за убиство на жени во Кумановско, денеска во Основниот суд во Куманово почна во тензична атмосфера и со прекин уште на стартот на рочиштето, јави новинарката Симовска од Слободен Печат. која го следи судењето.

Обвинетиот, кој беше спроведен од притвор, не одговарал на прашањата на судијата, ниту на основното прашање за утврдување на идентитетот. Според известувањето од судницата, тој гледал кон таванот, не воспоставувал комуникација со судот и не одговарал дали се вика Трајко Бојковски.

Запрашан дали во текот на истрагата Обвинителството добило признание на вина од Бојковски, обвинителот рече дека не би можел да одговори на тоа додека не се изведат доказите во процесна смисла.

За докторите коишто не знаеја да проценат дека смртта на некои од жените била насилна, па тие биле закопани како да починале од природна смрт по што следуваше ексхумација – има предмет во Вишото јавно обвинителство Скопје.