„Техеран ќе гори“, предупредува Израел. Иран им се заканува на САД, Британија и Франција

0
282

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го предупреди врховниот лидер на Иран Али Хамнеи дека ако продолжат ракетните напади врз Израел, „Техеран ќе гори“.

„Иранскиот диктатор ги држи граѓаните на Иран како заложници и создава реалност во која тие – особено жителите на Техеран – ќе платат висока цена за криминалниот напад врз израелските цивили“, рече Кац за време на состанокот со началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, и други високи воени функционери, објави „Тајмс оф Израел“.

„Ако Хамнеи продолжи да испукува ракети врз израелски цели, Техеран ќе гори“, предупреди Кац.

Nezavisen.mk