Убиство во скопско: 37-годишна жена застрелана со пиштол во глава

0
185

Жена на возраст од 37 години била пронајдена со прострелна рана во главата во скопско село.

Од Обивинтелството известија дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршиле увид на лице место во село Копаница, скопско, каде беше пронајдено нејзиното тело.

– По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Покрај телото е пронајден пиштол „глог19“, сопственост на нејзиниот сопруг. Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член 396 од Кривичниот законик, информираа од ЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка е прифатена од Судот.

Во меѓувреме, ОЈО Скопје и СВР Скопје продолжуваат да постапуваат за целосно испитување на настанот.