Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека утрово на скопскиот аеродром е одржан оперативен брифинг со екипажот на чешкиот хеликоптер „Блек Хок“. Брифингот го спровеле старешини од Армискиот воздухопловен ВИНГ, при што посадата била детално запознаена со пожарот што беснее на планината Готен од беровската страна..
Како најпогоден извор за полнење вода е одбрано вештачкото езеро Турија, кое се наоѓа на само десетина километри воздушна линија од локацијата на пожарот. По завршување на подготовките, хеликоптерот веднаш се упатил кон локацијата и наскоро започнува со дејствување.
„Поради строгите армиски правила, засега нема фотографии или видеа од подготовките. Во текот на денот ќе објавиме визуелен материјал од интервенцијата на хеликоптерот врз пожарот“, соопшти Ангелов









