Јакимовски не оди во затвор на 2 јули

0
246

Стевче Јакимовски поранешниот градоначалник на Карпош поднел барање за одлагање на издржување на затворската казна поради здравствени причини.

Судијата за изршување на санкции извршил проверка на приложената медицинска документација и до двете здравствени приватни установи поднел барање за проверка на кои се уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука.

Согласно законот за извршување на санкции судијата има рок од 30 дена од прием на барањето, да ги провери околностите и да донесе одлука дали на Јакимовски ќе му се одложи издржувањето на казната.