Беља возвраќа: Заев е фрустриран, фактите говорат за криминал

0
188

Работите стануваат се поинтересни. Инволвирањето на премиерот Заев јасно покажува колку се длабоки корените на криминалот, одговори на Фејсбук разрешениот економски директор на Гинекологија Ваљон Беља на изјавата на премиерот Заев дека „Беља тропа глупости од секој аспект“.

Ако мене ми било предочено дека ќе бидам сменет, зошто ми е продолжено решението како економски вд. директор во Клиниката за гинекологија и акушерство? Фактите зборуваат спротивно од фрустирачките изјави на премиерот Заев.

Ако вие именувате дипломиран филолог за главна сестра во една толку значајна инстуција (спротивно на законот), тогаш се поставува прашањето – Кој се подбива со оваа институција? Оваа дејствие има кривични последици и слично како во случајот со бившиот директор на Катастар, таквото унапредување треба да има кривичен епилог. Повтоно нагласувам – Позициите се привремени, криминалот не!, напиша Беља.