ВИДЕО – Поднесено обвинение против организатори на „крвавиот четврток“

0
78

 

Јавното обвнителство за организиран криминал покрена обвинение за поранешените министри Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, екс собранискиот спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, како организатори за насилствата на 27 ми април, Објави ТВ Телма. Постапката за бегалците Никола Груевски и заменикот началник во петата управа Никола Бошковски ќе продолжи кога тие ќе бидат пронајдени.  Осомничените стануваат обвинети за кривичното дел терористичко загрозување на уставниот поредок. Според, обвинителството четворицата функционери по изборите во 2017-та направиле план за да го спречат формирањето на нова влада. Ексминистрите Јанакиевски и Ристовски анагажирале партиски членови и командувале од партиската зграда.

„Во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Разузнувачот Никола Бошковски  кој избега и се крие во Грција од гонење за кривична дела од специјалното обвинитеслтво бил задолжен за вооружување на демонстрантите во паркот „Жена борец“. За прикривање на случувањата според обивнителството бил задолежн поранешниот претседтел на собранието Трајко Вењалновски.

„Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард дисковите од собраниските камери,“ соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителството не открива детали што правеле осомничените Владимир Атанасовски  и Никола Груевски за кого постапката е прекината додека е недостапен за гонење. Обвинителство се предомислува и бара од судот од притвор да заминат во домашен притвор Спиро Ристовски и Владмири Атанасовски.  Екс претседателот на собранието Велјановски, останува на слобода откако истече рокот собранието да гласа по точката за одземање на пратеничкот имунитет. Пред обивнителството тој се бранеше со молчење, а барал да ги виде доказите на кои би требало да ја темели и својата одбрана. 16 лица за истото кривично дело веќе добија затворски казни, а петанесетмина беа амнестирани