ВИДЕО: Тамара Тодевска во финалето на Евровизија

0
198

Прекрасната Тамара Тодевска ги освои симпатиите во Тел Авив и успеа да обезбеди свое место во финалето со песната “Proud”.

Сценскиот настап остави силен впечаток кај присутните, па во одреден дел од изведбата беше поздравена со огромен аплауз.

Оваа сабота (18.05.2019) не очекува финалето каде за првото место ќе се натпреваруваат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите 41.

Имено, ова е прво влегување на Македонија во финалето на евровизиското музичко случување од 2012 година.