(Видео) Таравари – Владата слободно нека ми го земе и градоначалничкото место

0
97

 

„Метлата на Заев, започна од Гостивар, денеска на сила се поставени нови директори по училиштата #ПродолжувамеИсто“, напиша на својот фејсбук профил гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, објави Телма.

За период од нецели 18 месеци на Таравари во два наврати му се одземаат ингеренциите во областа на образованието. За овој период Таравари посочи дека по шести пат пат се менуваат директорите во училиштата додека е тој на чело на општината.

Најголемата штета ја трпат децата, ако сака владата без никаков проблем ќе им го понудам и моето градоначалничко место, одговори Таравари на новинарско прашање околу промената на наставниот кадар во училиштата.

Од Министерството за образование се уште не излегуваат со коментар во врска со обвинувањата на градоначалникот Таравари. Но со свој став излегоа од гостиварскиот огранок на ДУИ

Таравари да не зборува за метла, туку за почитување на законите за средно и основно. Директорите кои се враќаат на должност во согласност со закон и процедури ги охрабруваме да започнат судска постапка против Арбен Таравар за непочитување на законот за основно и средно образование и непочитување на службената должност, велат од огранокот на ДУИ во Гостивар.

Ингеренциите на Таравари му беа одземени и лани и годинава во месец Февруари, со образложение дека се констатирани голем број нерегуларности во областа на разрешување и именување на директори во училиштата.

За овој период постојано се менуваат директорите на училиштата во зависност од тоа кој ја имаше надлежноста за оваа постапка.

Општината поставуваше свои луѓе а кога ќе останеше без надлежности, Миниситерството за образование директорските места им ги доделуваше на ДУИ.

Таравари пред неколку месеци побара лично премиерот Зоран Заев да го разгледа целиот случај, затоа што како што посочи не сакал да верува дека е запознаен со истиот.

Сега за разрешуавњето гостиварскиот градоначалник го впери прстот во Заев, кој најави метла а метлата според Таравари започнала токму од Гостивар.

https://youtu.be/eRwfnENxDd0?t=2