(ВИДЕО) Шварценегер физички нападнат

0
219

 

Холивудскиот актер и поранешен гувернер на американската сојуна држава Калифорнија, Арнолд Шварценегер, е физички нападнат во текот на неговиот престој во јужноафриканскиот град Сандтон, објавија локалните медиуми.

На снимките поставен на страниците на јужноафриканските медиуми се гледа како актерот комуницира со обожвателите, кога еден човек во залет дотрчува од зад грб и го удира со нога.

Според британскиот весник The Independent, Шварценегер допатувал во Сандтон како судија на спортски настан. Мотивите на напаѓачот, кој веднаш потоа е совладан и приведен, засега не се познати.

Самиот 71-годишен актер изјавил за The Sandton Chronicle дека за ударот сметал е дека е вообичаено движење и турканица од масата луѓе. Шварценегер, исто така, им порачува на обожавателите да не се грижат поради инцидентот.Нетпрес