Возило се преврте на регионалниот пат Тетово – Јажинце во атарот на село Беловиште. Возилото марка Пежо 306 го управувал 45 годишниот Б.Ј од село Рогачево. Тоа излетало од коловозната лента од засега неутврдени причини. Возачот кој бил сам во возилото беше заглавен повеќе од еден час. По интервенција на тетовските пожарникари тој е извлечен од возилото и со екипа на Брза помош е однесен во тетовскиот клинички центар
Моментално полицијата и останатите надлежни институции вршат увид на лице место.
Во ова деноноќие ова е втора потешка сообраќајка во тетовско.
Синоќа околу 22 30 минути во сообраќајна несреќа во близина на тетовската касарна загина 18 годишно момче. Според полицијата до несреќата дошло поради судир на две возила, ауди кое го управувал 17 годишник и рено меган што го возел 19 годишник. По судирот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ кој бил сопатник во аудито. Втор сопатник во аудито на 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во клиничкиот центар во Скопје. Во болница поради повреди останал и трет сопатник од аудито. Во возилото рено имало тројца сопатници кои останале неповредени./glas.mk