Вселенската патријаршија го отвори прашањето за македонската црква

0
225

Одлуката на Светиот синод на Цариградската патријаршија да го отвори ова прашање е врз основа на барањата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Владата на Република Македонија за решавање на статусот, јавија српски медиуми.

Во јануари 2019 година, Вселенскиот патријарх Вартоломеј на украинскиот митрополит Епифаниј му предаде томос (декрет) за автокефалноста на Украинската православна црква која ја доби својата независност од Руската православна црква.

Српската православна црква не ја признава МПЦ-ОА. СПЦ не ја признава и Украинската православна црква, а една од причините е и тоа што ова може да доведе до признавање на православна црква на Црна Гора и на МПЦ. Српскиот патријархот Иринеј изјави дека на почетокот на годинава ја одбил поканата да присуствува на инаугурацијата на поглаваратот на, за Србија, непризнаената украинска црква.

Верските црковни официјални лица и аналитичари сметаат дека ова е почеток на решавањето на многу отворени верски прашања, а украинскиот рецепт може да биде применет и во случајот со МПЦ.