Гејмингот и официјално е прогласен за психичко пореметување

0

Минатиот викенд Светската здравствена организација донесе одлука зависноста од видео игри да ја стави на листата со психички пореметувања.

Секако, треба да се има во предвид дека ова не се однесува на било какво играње на видео игри, туку на тоа кое претставува модел на ненормално однесување во кое едно лице минува осум, десет или повеќе часови во континуитет, играјќи видео игри секој ден, притоа запоставувајќи ги личните и професионалните обврски, но и потребите како што се хигиената, исхраната, спиењето и внесувањето на течности.

Лицата кои што играат осум или повеќе часа дневно ја губат амбицијата да се занимаваат со било какви други работи, немаат интерес за социјалниот живот, го запоставуваат семејството и пријателите.

На крајот, таквиот образец доведува до пореметувања на социјален, професионален и здравствен план, а лицето продолжува со истото однесување без оглед на негативните последици. Тогаш кај поединец се зема во предвид дека има психичко пореметување, односно зависност од видео игри\точка.мк