Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мари Брнс за идна амбасадорка во Северна Македонија.
За неа се вели дека претходно била втор човек на мисијата и заменик – постојан претставник во мисијата на САД во седиштето на ОБСЕ во Виена. Во својата дипломатска кариера работела во американската амбасада во Мадрид, Шпанија, и била на дипломатски задачи во Авганистан и во седиштето на НАТО во Брисел. Брнс зборува шпански, унгарски и турски јазик/. Глас на Америка/