Жбогар им го врачи Извештајот на ЕК на Пендаровски, Џафери и Заев

0
117

Шефот на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар попладнево им го врачи Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на судската власт.

Жбогар ќе им го предаде Извештајот во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија во „Вила Водно“.

По врачувањето на Извештајот, изјави за јавноста ќе дадат претседателот Пендаровски, претседателот на Собранието Џафери, премиерот Заев и евроамбасадорот Жбогар.