Заев – Во ВМРО ДПМНЕ се треба да се смени

0
245

Претседателот на СДСМ , Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го следат примерот на СДСМ, оти во партијата на Мицковски требало се да се смени.

Еве нека следат доблесни примери. Таму е се за менување. Јас сум кажал јавно, заради тоа што во целиот овој период со некој разговарам, дискутирам и дебатирам.

Јас работев со Никола Груевски, ова сега во моментов што го има е полошо. Мое не е да работам на подобрување на опозицијата, но мое е да повикам да има сериозна и одговорна опозиција заради тоа што само на тој начин и власта ќе биде поодговорна и поисполнителна“, рече Заев.