Заев ги повика црногорските инвеститори да инвестираат во земјава

0
78

 

Црногорските компании да дојдат и да инвестираат во Македонија. Премиерот Заев на бизнис форумот во Црна Гора ги повика фирмите да го прошират  бизнисот тука, објави Сител. Пред стопанствениците ги презентираше поволностите И условите кои ги нуди нашата земја за странските инвестири.

Заев рече дека е свесен за слабата трговска соработка меѓу двете земјИ. Македонија извезува таму но увозот  од Црна гора е многу мал. Посочи дека се работи на инфратуктурни проекти кои значително треба да ја подобрат соработката. Очекува дека ќе биде воведена и нова авиолинија Подгорица, Сараево Скопје.

Заев очекува земјава да стане членка на НАТО за период од 10 месеци од поптишувањњето на протокот, а неговиот колега црногорскиот премиер Марковиќ понуди помош и размена на искуства на ова поле.

На бизнси форумот во Црна гора се потпишаа 4 договори од кои полза ќе иаат бизнисмените од двете земји.