Заев повторно повикан на отворање во употреба на значаен автопат во соседството

 

Премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, утре ќе присуствуваат на отворањето на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово, кој ги поврзува Приштина со нашата земја. Инаку Заев беше и на отворањето на автопатот кај Греличката клисура во Србија.

„Ве известуваме дека утре (29 мај), со почеток во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод отворањето на автопатот Р6 „Арбен Џафери“, во Косово. На настанот ќе биде присутен и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.“, соопштија од Владата.