Заев – Ќе се сменат и најмалку шест министри на СДСМ

0
81

За министерските смени ќе се одлучува на нов состанок, најверојатна во јуни.

За „метлата“ во извршната власт, Заев најави смена на повеќе од шест министри.

„Повеќе министри ќе бидат опфатени со реконстукција. Бројката не ја кажувам. Досега се сменети шест. Ќе биде блиску до третина од кабинетот за да има реконструкција на Влада. Значи ќе има повеќе од тројца. Очекувам фидбек од Али Ахмети, од Гаши и од Тачи, од сите претставници на коалиционите партии“, најави Заев.

Тој не потврди, ниту демантираше дека тоа може да бидат и двајца од потпретседатели на партијата кои се на министерските места. Најави дека нема да има ротација на кадрите, туку нови лица и дека ќе има разрешувања во јавните претпријатија, агенциите и надзорните и управните одбори.